Реал Мадрид веќе ги има воспоставено првите контакти со Антонио Конте, што значи дека наскоро ќе го преземе тимот, велат шпанските медиуми.
Под раководство на Јулен Лопатеги, тимот е во голема резултатска криза и руши анти рекорди. Актуелниот европски шампион вчеа загуби дома од Леванте со 1:2 и практично тоа значи дека е тешко за верување евентуалното задржување на тренерското место на Лопатеги.
Преговорите меѓу Реал и Конте започнаа пред неколку дена, а Флорентино Перез е убеден дека тој е човек кој може да го извлече тимот од тешката ситуација.
Тимот на Реал има три порази во шампионатот од 9 одиграни кола и само неубедливите настапи на Барселона и Атлетико Мадрид)го држи блиску до врвот. Следната недела се очекува да има малку појасна слика во врска со тоа дали Конте ќе го преземе тимот.