Јувентус ја одбил понуда од Реал Мадрид за босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ, тврди „Тутоспорт“.
„Бјанконерите” се откажале од 60 милиони евра кои ги понудил Реал Мадрид, кој бара замена за Лука Модриќ доколку биде реализиран неговиот трансфер во Интер.
Екипата од Торино има намера да го продолжат договорот со играчот, кој истекува во јуни 2021 година. Идејата на Јувентус е Пјаниќ да се врзе со клубот до летото 2023г., во тој случај годишната плата ќе претрпи сериозно покачување. Во моментов полудефанзивецот добива 4,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор платата ќе му скокне до 6,5 милиони евра.
Италијанскиот шампион е расположен да се раздели со својот плејмејкер за минимум 100 милиони евра, што е многу повеќе од понудата на Реал Мадрид.