Реал (Мадрид) упати прва понуда за голманот на Рома Алисон и таа е во вредност од 57 милиони евра, тврди британското издание „Дејли Меил”.
Според последните информации максимумот, кој „кралевите” можат да го платат за бразилскиот национален голман е 60 милиони евра плус опција за уште 10 милиони во форма на различни бонуси.
Весникот забележува дека договорот меѓу двата клуба тешко да се случи, бидејќи во моментов од Рома поставиле цена на својот голман од 85 милиони евра, а таа ќе биде уште по реална при одлично претставување на Бразил за време на Мундијалот. Од Мадрид ќе го почекаат крајот на СП, за да видат дали ќе успеат да се договорат со „римската волчица” за намалување на цената.
Алтернативна опција за тимот од Мадрид е Тибо Куртоа од Челзи.