Реал Мадрид на својата веб-страница потврди дека еден од фудбалерите на тимот е заразен со коронавирус пред натпреварот од 3-то коло од Лигата на шампионите против Интер.
Инфекцијата со Ковид-19 е откриена кај дефанзивецот Едер Милитао . Бразилецот направил тест во текот на вчерашниот ден и добил позитивен резултат. Од клубот потврдиле дека при тестирањето на останатите играчи на Реал Мадрид, како и вработените во клубот кои работеле со Милитао, не бил никој позитивен.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Интер ќе се одигра утре, 3 ноември на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид со почеток од 21 часот.

