Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, планира да им даде пауза на голем број стандардни првотимци за утрешното „Ел Класико“. Според некои информации во шпанските медиуми, Зидан е подготвен да остави дури седуммина од првотимците на клупата за резерви за да ги штеди силите за финалето од ЛШ.
Големата ѕвезда Кристијано Роналдо и капитенот Серхио Рамос сакаат да играат на дербито, но најверојатно ќе почнат од клупата за резерви. Герет Бејл и Каземиро исто така би останале на клупата. Од првата минута шанса ќе добијат резервистите како Љоренте, Себаљос, Тео Хернандез и Касиља.