32 тима кои обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, денеска во Монако ги добија своите ривали во новата сезона од најквалитетното светско клупско натпреварување. Според многумина оваа есен ќе ја гледаме најквалитетната Лига на шампиони, која сигурно ќе ни приреди пеколни натпревари и битка за поделба на скоро 2 милијарди евра.
Ждрепката, сакаше европскиот шампион, Реал Мадрид да тргне од група со Рома, СЦКА (М) и Викторија Плзен, додека европскиот вицепрвак Ливерпул да добие силна група со ПСЖ, Наполи и Црвена Звезда.
Интересно ќе биде и во останатите групи. Новата сезона на Лигата на шампионите започнува во септември, кога на 18 и 19 ќе се одигра првото коло.