Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот од Торино на крајот од оваа сезона.
Според Марка, 36-годишниот фудбалер е подготвен да го напушти клубот и да се врати во Реал Мадрид. Кристијано е уверен дека сепак е во можност да им користи на Реал Мадрид и ќе ја разгледа понудата доколку дојде.
Роналдо ги бранеше боите на Реал Мадрид од 2009 до 2018 година. Со оваа екипа освои 15 трофеи, вклучувајќи две титули шампион на Шпанија, два Купа и два Суперкупа на Шпанија, четири трофеи во Лигата на шампионите, два УЕФА Суперкупа и три трофеи на Светското клупско првенство. Како играч на Кралскиот клуб, Португалецот освои четири „Златни топки“.
Претходно спортскиот директор на Јувентус , изјави дека клубот одлучи да го задржи Кристијано Роналдо. Оваа сезона, напаѓачот одигра 24 натпревари во италијанскиот шампионат, постигна 23 гола (5 од пенал) и даде 3 асистенции.