Реал Мадрид нема да се натпреварува за потписот на младиот англиски репрезентативец Џуд Белингем. Причина е високата сума која за него ја бара Борусија (Д).
На првите луѓе на кралскиот клуб им е јасно дека значајна инвестиција ќе треба да се направи доколку сакаат да го видат Белингем во Мадрид, но сумата од околу 125 милиони евра е преголема за овој англиски талент.
Белингем е една од потенцијалните европски фудбалски ѕвезди за кого во моментов главни фаворити се Ливерпул и Манчестер Сити.
Борусија (Д) во моментов за него бара 150 милиони, но сумата може да се спушти до 125 милиони евра.