Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте, нема да добие покана од Реал Мадрид откако првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, јасно стави до знаење дека нема намера да го ангажира на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.
31-годишниот играч дефинитивно ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“ на крајот на сезонава, бидејќи ќе му истече договорот со „сините“.
Французинот кој подолг период се измачуваше со повреди, се наоѓа на радарот на ПСЖ и има шанса да се врати во татковината.