Браим Диаз нема да остане во Милан по завршувањето на актуелната сезона. Шпанецот ќе се врати во Реал Мадрид, кој ги има неговите права.
Во последните три сезони, Диаз играше како позајмен на „Сан Сиро“ и успеа да го подигне „Скудетото“ минатата сезона. Сепак, тој не успеа да се наметне како постојан стартер кај „Росонерите“ и тие нема да ја активираат откупната клаузула од 20 милиони евра.