Шпанскиот Реал Сосиедад сака да го ангажира Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед, пренесува „Sky Sports“.
Според информациите на телевизијата, моментално второпласираната екипа во Примера дивизион нема пари да го купи 27-годишниот играч, но е подготвена да го земе на позајмица до летото и да му исплати плата близу до максималната.
Лингард нема забележано ниту една минута за „црвените ѓаволи“ оваа сезона. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува во јуни 2021 година, а несогласувањата во разговорите се веројатно причината поради која тој беше „замрзнат“ од Оле Гунар Солскјер. Според „Трансфермаркт“, неговата цена е 14 милиони евра.
„Не можеме да му ја платиме платата на Јунајтед, но можеме да дадеме нешто што е до максимумот во нашиот клуб. Ние сме исто така подготвени да платиме позајмица за да го компензираме фактот дека ќе го загубат играчот без пари следното лето“, прокоментира преставник од управата на Реал Сосиедад.

