Реал Мадрид е серизоно загрижен од можноста Антонио Ридигер да биде суспендиран од УЕФА за првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал, бидејќи е под истрага.
Германскиот дефанзивец е еден од четворицата играчи кои се под истрага за непристојно однесување по победата од 4-2 на пенали против Атлетико Мадрид, јавуваат англиските медиуми.
Атлетико (М) упатил официјална жалба до Европската фудбалска асоцијација во врска со наводното неспортско однесување и од Килијан Мбапе, Даниел Себаљос и Винисиус Жуниор. Пресудата се очекува да биде објавена денеска, а шпанскиот весник Марка наведува дека другите тројца играчи се очекува да добијат парична казна, додека Ридигер се соочува и со суспензија на еден меч. Причина е тоа што германскиот дефанзивец направил гест со кој покажува како го сече грлото, што УЕФА го смета за заканувачки.
„Таквото однесување не одговара на кодексот на однесување на УЕФА“, изјави еден поранешен дисциплински службеник во УЕФА.

