Реал Мадрид, веќе во јануари, ќе се обиде да постигне договор со Килијан Мбапе за трансферот следното лето. Килијан ќе добие 15 дена да донесе одлука за предлогот кој ќе го добие, пишува шпански „АС“.
Според изворот, доколку Мбапе не потпише нов договор со ПСЖ до 1 јануари, Реал ќе стапи во контакт со претставникот на напаѓачот и ќе ја достави својата понуда. Килијан ќе има рок до 15 јануари да одговори, а од Мадрид потенцирале дека потоа не сакаат никакви дополнителни преговори. Претходно беше објавено дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, прави обиди Мбапе да го продолжи договорот, убедувајќи го дека со останувањето во ПСЖ наскоро би можел да влезе во историјата како најдобар стрелец во француската лига.