Македонија и Финска одиграа нерешено 1:1 на пријателскиот меч на Арената – „Тоше Проески“ во Скопје.
Пред речиси празни трибини, двете селекции имаа по едно полувреме кога станува збор за головите и шансите. Финците поведоа во првиот дел со голот на Атман во 37 минута по одлична контра додека изедначувањето го донесе Барди од пенал во 75-та. Претходно Џани Алиоски беше соборен во шестнаесетникот.
Македонија в недела исто така во Скопје ќе одигра контролен меч со Азербејџан.