Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници
    Домашен микс

    Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

    sasoBy saso24/04/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска, беше претставен  комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари – донација на компанијата Спорт Лаиф обложувалници.

    Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот. Оваа година, Спорт Лаиф обезбеди дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата беа обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерење на гликемија.

    „Покрај реновирањето на холот, на собите на пациентите и на болничкиот персонал, решивме да направиме дополнителни напори просторот да го опремиме и со нов медицински мебел, кој ќе создаде подобри услови за постоперативните пациенти. Сметаме дека тоа беше неопходно за оваа водечка институција за хируршки болести која има огромна традиција и централна улога во нашето здравство. Како општествено одговорна компанија, тука сме да го дадеме својот придонес за развој на општеството, и за поддршка на хуманите цели“, изјави Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф.

    „Со оваа интервенција, капацитетот на одделот за постоперативна нега на пациентите, на површина од скоро 400 м2 е целосно обновен и опремен за прием и лекување на пациенти од одделот за висцерална и абдоминална хирургија. Опремените простории со нов и модерен медицински мебел и опрема, ќе овозможат подобрени болнички услови за нивна нега и лекување. Нашата клиника е меѓу институциите со долг историјат и традиција и проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди се добредојдени и во иднина. Во име на целиот персонал, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка и се надеваме дека ќе биде пример и за другите општествено одговорни компании“ – изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

    Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка и реализација на проекти во областите на здравството, спортот и други  општествени и хуманитарни цели.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.