Напаѓачот на фудбалскиот состав Ајндрахт (Франкфурт), Анте Ребиќ, поради повреда ќе мора да биде надвор од терените во наредните четири недели, соопшти клубот кој настапува во Бундеслигата.
Хрватскиот стрелец на неделниот меч со Вердер (Бремен) заработи посериозна повреда на мускулот.
Отсуството на Ребиќ ќе биде сериозен удар за тимот на Франкфурт кој е на шесто место во Бундеслигата и има реални шанси да обезбеди евро-виза за наредната сезона.