Селекторот на фудбалерите на Мароко, Валид Реграгуи, го спореди успехот на неговата селекција со остварувањето на боксерот Роки Балбоа во историскиот филм на Силверстер Сталоне.
„Луѓето зборуваат за нас како да сме големо чудо. Ние не сме чудо, ние сме Роки Балбоа. Знаете дека обичниот народ сака да навива за Роки Балбоа. Пред почетокот на Мундијалот ме прашаа дали може да го освоиме турнирот. Зошто да не? Може да сонуваме…“, вели селекторот.
Мароко в среда го очекува мечот со Франција за влез во големото финале на Светското првенство во Катар.