Французинот, Аксел Рејмонд, победи на традиционалниот Охридски пливачки маратон кој е дел од серијата на ФИНА.
Тој растојанието од 25 километри го мина за 5 часа, 20 минути и 55 секунди.Второто место му припадна на нашиот Евгениј Поп Ацев кој заостана осум секунди, но, со освоените бодови се проби на првата позиција во светското рангирање. Трет низ целта помина Италијанецот, Франческо Џетини.
Во женска конкуренција наjбрза беше Италијанката, Аличе Франко, која забележа време од 5 часа, 41 минута и 15 секунди.