Играчот од средниот ред на АЗ Алкмар, Тијани Рејндерс наскоро ќе му се приклучи на Милан, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според изворот, 24-годишниот Холанѓанец денеска ќе слета во Милано. Тој за вторник има закажан лекарски преглед, веднаш потоа ќе потпише договор со „росонерите“.
Рејндерс е во АЗ од 2017 година. Тој минатата сезона забележа 54 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 гола и 12 асистенции. Сумата на трансферот ќе биде 20 милиони евра, плус бонуси.