Полуфиналето меѓу Рома и Ливерпул беше најпродуктивното полуфинале досега одиграно во најсилното клупско натпреварување во Европа. Имено, двата дуела меѓу италијанскиот и англискиот преставник завршија со рекордни 13 постигнати гола, што досега се нема случено во ЛШ.
На првиот меч во Англија фановите видоа 7 гола, додека на реваншот синоќа уште 6. Ливерпул обезбеди финале против Реал (М) кое е закажано на 26 мај во Киев.