Нашата најдобра млада спортистка за 2023 година, Милијана Рељиќ, направи извонреден резултат освојувајќи го сребрениот медал на едно од најсилните натпреварувања во таеквондо – Турција Г1 Опен.
Таа во елиминациите ги совлада Нур Хава Текташ, Бејза Карабулут, Гокче Хуру и претставничката на Русија додека во финалето загуби од Хрватката, Ивана Арелиќ. Во категоријата на Рељиќ чествуваа 250 натпреварувачки додека вкупната бројка на собирот во Турција беше преку 2000 од кои дел се светски и олимписки медалисти.
Нашата претставничка со пласманот во финалето успеа да освои нови 7,20 поени и да остане во трката за норма за Олимписките Игри во Париз 2024.