Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на меѓународниот турнир Кроација Г2 Опен во Загреб. По неколкуте 1/4 финалиња на претходните турнири во Белгија, Шведска, Албанија, Австрија и Бугарија на силните Г2 турнири организирани од Европската Таеквондо Федерација, каде се собираат поени за светската и олимписката ранг листа, Рељиќ конечно стигна и до подиумот.
Во конкуренција од 25 натпреварувачки во нејзината категорија сениорки -62кг со две победи таа стигна до полуфиналето, каде беше тесно поразена од минатогодишната европска шампионка Бруна Вулетиќ.
Нејзиниот тренер Александар Ефтимов, верува дека можат да направат уште поголеми успеси и да донесат уште повеќе медали од големите меѓународни натпревари.

