Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерв Ренар, изјави дека во светот на фудбалот понекогаш се појавува лудило како што беше на мечот со фаворизираната Аргентина.
„ Им честитам на моите фантастични играчи, секогаш им честитам и тоа го правам три години. Не смееме да заборавиме дека тие беа непоразени на 36 натпревари. Аргентина е актуелен шампион на Јужна Америка“ – вели Ренар.
Саудиска Арабија е лидер во групата пред Мексико и Полска додека Аргентина е на последното место.