Никола Илиевски Џиџи кој своевремено седеше на кормилото на нашата најдобра фудбалска репрезентација, во иднина ќе биде предводник на прволигашкиот состав Ренова.
Екипата од Џепчиште откако ја прекина соработката со Јетон Беќири, сега се определи да соработува со нашето познато тренерско име.
Никола Илиевски – Џиџи работеше во Вардар, Металург, Победа, Скопје а имаше и интернационални ангажмани.