Во текот на наредните денови, ФИФА официјално ќе објави дека Светското првенство во Катар ќе биде првото во историјата на кое секоја селекција ќе може да донесе по 26 играчи.
На овој начин селекторот ќе има поголем избор на играчи на располагање, односно 15 играчи на клупата.
Минатата недела Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) го одобри правилото за пет замени за време на натпревар на трајна основа. Тој беше воведен за време на пандемијата на коронавирус и беше привремена мерка, но ќе продолжи да се применува. Тренерите сепак ќе можат да заменат пет играчи во три временски слотови (паузи во играта).
Да потсетиме дека Светското првенство во Катар ќе се одржи на осум стадиони од 21 ноември до 18 декември 2022 година. Бранител на титулата од СП во Русија 2018 година, беше Франција која во финалето ја совлада Хрватска.