Нашите најдобри фудбалери ја задржаа 65-та позиција на новата ранг листа на ФИФА иако во претходниот месец забележаа две врзани победи.
Прво ја совладавме Малта на стартот на квалификациите за Европското Првенство а само неколку денови подоцна славевме и на пријателски меч против Фарските Острови. Еве каде се сместени нашите противници во квалификациите за Континеталниот собир.
Англија е на 5-то место, Италија е осма, Украина се наоѓа на 30-то додека Малта е на 172. позиција. На листата на ФИФА, Аргентина останува лидер пред Франција и Бразил.