Македонската фудбалска репрезентација денеска со чартер лет заминува за Малага, од каде пак со автобус ќе замине за Гибралтар каде в четврток треба да го одигра првиот меч од новото натпреварување, Лигата на Нации на УЕФА.
Дел од репрезентативците кои се најдоа на списокот на Игор Ангеловски тргнаа од скопскиот аердром, додека останатите како и капитенот Горан Пандев, Николов, Спировски, кои синоќа имаа клупски обврски ќе дојдат директно во Малага.