Македонската фудбалска репрезентација денеска попладне и официјално почнува со тренинзи и подготовки пред заминувањето за Италија, каде в четврток во Палермо ќе го одиграме историскиот бараж за пласман на СП 2022.
Дел од избраниците на селекторот Милевски синоќа пристигнаа во Скопје, а во текот на денешниот ден треба да се приклучат и останатите повикани фудбалери.
Првиот тренинг на нашата репрезентација е закажан попладнево од 17 часот.