Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, се понуди да помогне на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. Тој на социјалните мрежи испрати порака до сите семејства на кои децата им се на лекување во Италија.
- Што и да треба во Милано, каква било помош, слободно контактираjте ме тука, објави Димитријевиќ.


