Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, е прогласен за најдобар во Бундеслигата за месец јануари. 24-годишниот германски репрезентативец го заслужи признанието со одличните настапи на натпреварите против Хофенхајм (3:1) и Штутгарт (4:1).
На тие два меча тој успеа да постигне три гола со што значително придонесе за победите на неговиот состав. Горецка сега е еден од најзначајните фудбалери во тимот на баварскиот гигант и затоа во континуитет ја има довербата на тренерот, Нико Ковач.
Горецка од почетокот на дебитантската сезона за тимот од Минхен има постигнато 6 голови и направено 2 асистенции во натпреварите во Бундеслигата.