Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе го потпише својот нов договор со клубот, пренесува „Скај Спорт Италија“.
40-годишниот играч ќе го продолжи договорот со Милан на уште една сезона откако претходниот договор меѓу двете страни истече минатата недела. Тоа ќе се прави за симболична плата од 1 до 1,5 милиони евра, на која има и бонуси во зависност од бројот на голови и асистенции. Познато е дека Ибрахимовиќ ќе биде надвор од терените барем до крајот на годината по операцијата на коленото.
Во меѓувреме, Џанлука Ди Марцио даде ажурирање за ситуацијата со трансфер целите на кои работи Милан. Клубот продолжува со преговорите со Челзи за Хаким Зиеш. Шампионот на Италија, исто така, ја испрати својата прва понуда до Клуб Бриж за Шарл де Кетелар. Беше во висина од 20 милиони евра плус бонуси и не ги задоволи барањата на белгискиот шампион. Бриж доби понуда за офанзивниот играч за врска од Лидс, од каде се подготвени да платат 30 милиони евра плус бонуси.
Самиот играч повеќе би сакал во Милан, а неговиот клуб е заинтересиран за двајца играчи од младинската екипа на Милан: Емил Робак и Андреас Јунгдал. Што се однесува до Ренато Санчез од Лил, „росонерите“ се уште не се откажале од можноста да го ангажираат, бидејќи Пари Сен Жермен допрва треба да постигне договор со неговиот клуб за неговиот трансфер.

