Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија го суспендираше теренот на Вардар за два меча поради влегувањето на „комитите“ на теренот на дербито со Еурофарм Пелистер.
„Црвено-црните“ ќе треба да платат и парична казна од 150.000 денари. Тоа значи дека Вардар средбите со Охрид и Еурофарм Пелистер 2 ќе ги одигра пред празни трибини.
Во исто време, парична казна од 150.000 денари заработи и битолскиот тим поради дивеењето на популарните „чкембари“ во салата Јане Сандански.