Ракометната федерација на Македонија упати честитка до фудбалската репрезентација на Македонија за победата од 2:1 на гостувањето кај Германија во квалификациите за Светското првенство.
„Ракометната Федерација на Македонија упатува големи честитки за победата на нашите најдобри фудбалери на чело со EL Grande Пандев против селекцијата на големата Германија.
Секоја чест за големата победа , хомогеноста во целиот тим и силниот карактер во текот на целиот натпревар .Момци со Вас сме !“, напиша ракометната репрезетнтација на социјалните мрежи.