Елена Рибакина е новата шампионка на престижниот Грен Слем турнир Вимблдон, откако денеска во финалниот меч во три сета беше подобра од Тунижанката Онс Жабер.
Рибакина која до 2018 година настапуваше за Русија, го освои Вимблдон победувајќи со пресврт, со резултат 3:6, 6:2, 6:2.
Ова е прва Грен слем титула за Рибакина, која се запиша како 127-та тенисерка во историјата која освоила еден од четирите најголеми турнири.