Македонија и Гибралтар утре на Арената во Скопје ќе го одиграат последниот меч од групната фаза во фудбалската Лига на нации. Нашата селекција го има првото место додека гостите се во позиција на аутсајдер. Нивниот селектор, Хулио Рибас, на денешната средба со новинарите не ја пропушти можноста да ги пофали нашите фудбалери.
„Мора да кажам дека Македонија е најдобрата репрезентација во групата. Ние како млада селекција ќе ни биде чест што ќе играме против репрезентација во чии редови има голем број фудбалери од најсилните европски лиги“ вели Рибас.
„Ќе се обидеме во Скопје да одиграме најдобро што можеме иако тоа ќе зависи и од поставеноста на домаќинот. Ние сакаме да се надигруваме и да пружиме добра партија“ – вели селекторот на Гибралтар.