Ветеранот, Франк Рибери, денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише за фудбалскиот состав Салернитана, објави весникот- „Газета дело Спорт“.
Тој ќе добие договор на една плус една сезона доколку исполни одредени услови.
Салернитана по цели 22 години се врати во Серија А, но, откако имаше лош старт, управата реши да го ангажира 38-годишниот Французин.