Францускиот фудбалер, Франк Рибери, кој во текот на летово го напушти германскиот шампион, Баерн Минхен, очигледно нема намера да се пензионира.
Легендарниот играч на Баварците и на селекцијата на Франција иако има 36 години планира и понатаму да биде активен на тревнатиот терен. Неговото име деновиве се поврзува со различни екипи практично од целиот свет, се споменуваат тимови од МЛС, Саудиска Арабија, Холандија а Русија а дел од медиумите во Италија напишаа дека за неговиот потпис била заинтересирана и екипата на Фиорентина.
Рибери во дресот на Баерн Минхен одигра 425 натпревари со ефект од 24 голови и 182 асистенции.