Играчот од средниот ред на Баер Минхен, Френк Рибери, може да ја продолжи својата кариера во Англија, објавија медиумите на Островот.
Интерес за 36-годишниот играч од средниот ред има од Шефилд Јунајтед.Од оваа екипа му понудиле едногодишен договор.
Рибери ги бранеше боите на Баерн во последните 12 сезони и го напушти клубот ова лето по завршувањето на договорот. Французинот освоил неколку трофеи со баварскиот тим.