Поранешниот француски репрезентативец Франк Рибери влезе во историјата на италијанскиот фудбал.
Играчот од средниот ред на Фиорентина стана најстариот странец што постигнал гол во Серија А во својата дебитантска сезона. Рибери дојде во екипата на Фиорентина и успеа да постигне гол на натпреварот со Аталанта кој заврши нерешено 2:2, а во моментот на одигрување на натпреварот имаше 36 години и 168 дена.
Французинот ова лето им се приклучи на „Виолетовите“ како слободен играч. Во претходните 12 сезони беше дел од германскиот гигант Баерн Минхен.

