Испразнетото место во Челзи по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер, може да го пополни фудбалерот на Евертон, Ричарлисон, објавува денеска – „Liverpool Echo“.
Бразилецот иако се наоѓа и на списокот за трансфери на Арсенал и на Тотенхем, прогнозите велат дека може да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
25-годишниот напаѓач во изминатата сезона постигна 10 гола на 32 натпревари во сите конкуренции. Неговиот договор со „карамелите“ е валиден до летото во 2024 година.