Синоќа на стадионот „Гудисон Парк“ во Ливерпул, во рамките на 15. коло од англиската Премиер лига, Евертон го совлада Арсенал со 2:1 и тоа со пресврт и гол постигнат во судиското надополнување. дија – 2:1.
На овој натпревар 24-годишниот бразилски напаѓач Ричарлисон беше централна фигура, најнапред постигна два гола, но му беа поништени од ВАР поради офсајд. За сепак подоцна д апостигне регуларен гол кој според статистиката е негов 41. лигашки гол во Англија. Според овој индикатор, тој се израмни со поранешниот играч на Ливерпул, Филипе Кутињо . Подобар учинок од него имаат напаѓачот на Ливерпул Роберто Фирмино (70) и напаѓачот на Манчестер Сити Габриел Жесус (52).
Да потсетиме дека Ричарлисон стана играч на Евертон во летото 2018 година, преминувајќи од Ватфорд за 39 милиони евра. Сезонава постигна три гола и даде две асистенции за својата екипа на 10 натпревари во сите натпреварувања.

