Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ричков: Против Ерменија и Малта на победа
    Фудбал

    Ричков: Против Ерменија и Малта на победа

    sasoBy saso14/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација до 21 година денеска ќе го одработи последниот тренинг пред утрешниот прв контролен натпревар против соодветната селекција на Ерменија. Контролниот дуел против Ерменија ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје со почеток од 17 часот.

    Левиот бек на Шкупи и еден од најперспективните млади играчи во Македонија, Марио Ричков, даде свој коментар и анализа за претстојните обврски и предизвици на младата репрезентацијата  до 21 година.

    „Очекувам да се прикажеме во добро светло на последните два контролни натпревари против Ерменија и Малта и да оствариме позитивен резултат. Оваа селекција покажа голем квалитет и желба за победа на  меѓународниот турнир што го одигравме во Анталија, Турција. Одигравме одлично против Словачка и Финска, докажавме дека можеме да се надигруваме со две многу квалитетни репрезентации. Доколку одиграме сите заедно како тим, во ист ритам, со голема желба и пожртвуваност, верувам дека ќе дојдеме до позитивен резултат на мечевите со Ерменија и Малта, а тоа е победа“, вели Ричков.

    Младата репрезентација на Македонија, по утрешниот меч со Ерменија, ја очекува уште еден контролен дуел со селекцијата на Малта на 20. јуни.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.