Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Ријад Марез постигна хет-трик во полуфиналето на ФА Купот против Шефилд Јунајтед.
Така Алжирецот стана највозрасниот автор на хет-трик во тимот на шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола.
Првиот гол Ријад Марез го постигна во 43. минута од натпреварот, реализирајќи пенал. 15 минути по почетокот на вториот дел, Алжирецот постигна втор гол, а на асистенција на Џек Грилиш погоди и по трет пат поставувајќи ги конечните 3:0 во корист на Манчестер Сити.
Избраниците на Пеп Гвардиола ќе се сретнат со Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот. 32-годишниот Марез оваа сезона одигра 38 натпревари за Манчестер Сити, постигнувајќи 15 гола и постигна осум асистенции.