Ријад Марез е подготвен да потпише нов долгорочен договор со Манчестер Сити, кој практично ќе го задржи Алжирецот на „Етихад“ до крајот на кариерата.
Марез моментално има 31 година, а актуелниот договор му истекува за 12 месеци. Според „Сан“, Алжирецот, кој беше поврзуван со Пари Сен Жермен, е подготвен да парафира договор за уште три години со опција за дополнително продолжување на уште 12 месеци.
Манчестер Сити го привлече Марез во 2018 година кога за него на Лестер Сити му платија 60 милиони фунти. Досега за „граѓаните“ има постигнато 63 гола на 189 натпревари. Неговата сегашна плата е 160.000 фунти неделно. Преговорите за новиот договор ќе започнат следниот месец.