Ријад Марез потпиша нов договор со Манчестер Сити кој ќе го задржи во клубот до летото 2025 година.
Тоа значи дека Алжирецот ќе биде играч на „граѓаните“ кога веќе ќе има 34 години, па најдобрите години од својата активна кариера ќе ги има поминато на стадионот „Етихад“. Претходниот договор на Марез истекуваше по 12 месеци. Сити го ангажираше од Лестер пред четири сезони, а досега за овој клуб има одиграно 189 натпревари, постигнувајќи 63 гола и 45 асистенции.
„Многу сум среќен што го потпишав овој нов договор. Уживам во секоја минута овде. Задоволство е да се биде дел од овој неверојатен клуб. Би сакал да им се заблагодарам на Пеп, Чики и на стручниот штаб што ми помогнаа да се развијам како играч и што ме мотивираат да продолжам да го правам тоа. Сега сакам само да се обидам да му помогнам на тимот да има успешна сезона“, изјави Марез.