Фудбалската ѕвезда Ријад Марез во моментов се наоѓа во болница каде се бори за живот по труење со храна во еден ресторан во Џеда.
Играчот на Ал-Ахли во средата играше пријателски меч со Алжир против Сенегал, а по крајот на репрезентативната пауза тој бил на вечера во елитен ресторан, по која се почувствувал многу лошо и итно бил хоспитализиран.
Во моментов, Ријад Марез се наоѓа во болница во Џеда. 32-годишниот фудбалер имал огромни болки во стомакот и затоа побарал помош, а лекарите оцениле дека ситуацијата е повеќе од сериозна. Првите анализи покажале присуство на бактерија во желудникот на Марез. Алжирецот е една од најголемите ѕвезди кои пристигнаа во овој преоден рок во Саудиска Арабија.