Хуан Роман Рикелме, прославениот фудбалер на Бока Јуниорс, Вилјареал и Барселона, верува дека ПСЖ со ангажманот на Лео Меси има голема шанса да ја освои Лигата на шампионите.
„Ако ПСЖ со Меси не ја освои Лигата на шампионите, никогаш нема да победи. Меси е најдобар затоа што сака да игра со топка“ – рече Рикелме кој ја извршува функцијата
потпретседател на Бока Јуниорс. „Мислам дека Меси ќе ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ а потоа ќе се пензионира во Барселона“ – потенцираше Рикелме.