Играчот од средниот ред на Барселона, Рики Пуич може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Вулверхемптон е заинтересиран за услугите на 22-годишниот играч, објави „Sport.es“.
Според истиот извор, Шпанецот би можел да биде вклучен како дел од зделката, според која напаѓачот Адама Траоре, позајмен од Вулверхемтон, би можел да остане во каталонскиот клуб. Играчот од средниот ред е дел од фудбалската школа на Барселона.
Договорот на играчот со клубот е до јуни 2023 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 9 милиони евра.Пуич во актуелната сезона од Ла Лига настапи на 10 натпревари на кои не успеа да постигне гол.