И данските репрезентативци од вчера се на собир во пресрет на дуелот со нашата репрезентација. Селекторот на данската репрезентација Брајан Ример изјави дека не размислува премногу за онаа ноќ во Глазгов пред четири месеци кога Данска доживеа пораз од 4:2 и не успеа да избори директен пласман на Мундијалот.
„Имав принцип дека кога ќе се сретнеме има толку малку време така што не треба да почнуваме да копаме по нешто завршено. Но, тоа не значи дека не можеме да погледнеме некој видео клип или дека не можеме да разговарам за некои мали елементи. Мислам дека ќе биде ужасно ако не стигнеме до Светското првенство, а ќе биде апсолутно фантастично ако играме таму. Тоа е она што ми е важно“, изјавил Ример.

