Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, ќе се врати во клубот како спортски директор, пренесува „Дејли мејл“.
Тој веќе имал средба со извршниот потпретседател Ед Вудвард, кој разговарал за неговото идно назначување. Пред 4 години, кога ја заврши кариерата, Рио беше поканет од семејството Глејзер да заземе функција во клубот. Тогаш лични причини го спречија долгогодишниот дефанзивец на „црвените ѓаволи” да го прифати предлогот, но изгледа моментот тој да се врати на „Олд Трафорд” е дојден.
Вудвард го гледа Фердинанд како вистинска личност за трансфери на Јунајтед. Плус за кандидатурата на поранешниот англиски репрезентативец е неговиот успех во бизнисот. Фердинанд поседува компанија за облека и има ресторан. Раководството на Манчестер Јунајтед останале импресионирани и од аналитичките вештини на Рио Фердинанд, демонстрирани при гостувањата во телевизиски студија за натпревари на тимот.
Фердинанд стана најскапиот британски фудбалер кога во 2002 година Манчестер Јунајтед плати 30 милиони фунти на Вест Хем. Тој помина 12 сезони на „Олд Трафорд“, освојувајќи освојувајќи 6 титули во Премиер Лигата како капитен на тимот. Тој два пати го подигнал трофејот во Лига Купот и еднаш ја освои Лигата на Шампионите.
За националниот тим на Англија има одиграно 81 натпревар, учествувајќи на две светски првенства. Рио Фердинанд беше соиграч со актуелниот менаџер Оле Гунар Солскјер помеѓу 2002 и 2007 година.